Новогодишни декорации на храна: Брзо и лесно, а ќе изгледа забавно и уникатно! (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Од варени јајца, моркови, малку бибер и маслинки можете да направите прекрасни пингвини и сладок Снешко.

Нема подобар и посреќен период од новогодишно – божиќните празници.

Има многу причини за славење, се радуваме на нови почетоци и подобри времиња, па не ни е тешко да вложиме дополнителни напори за сите детали кои ќе ни ја зголемат прославата.

Една од најважните, но и најинтересните секако е трпезата. Затоа најдовме лесни и брзи начини за украсување на новогодишните предјадења и десерти, кои ќе ги воодушеват сите ваши гости и семејството.

Така од јајца, моркови, малку бибер и маслинки можете да направите прекрасни пингвини и сладок Снешко, додека од обични краставици можете да направите неодоливи новогодишни елки.



Фото и Видео: Youtube / Brainy Crafts