Новото момче на Ана Николиќ сè уште е во брак: Што вели неговата бесна сопруга на ова?

Момчето на Ана Николиќ, Дејан Николиќ, како што пренесуваат српските медуми, е татко на три деца, а неговата сè уште официјална сопруга се огласи за медиумите.

Откако на својот Инстаграм профил Ана Николиќ сподели фотографија со непознат маж, медиумите се потрудија да го откријат неговиот идентитет, а она што сега се знае за електричарот Дејан Николиќ изненади многумина.

Момчето на Ана Николиќ од првата вонбрачна заедница има едно дете, а од бракот со сегашната сопруга две. Валентина Спајиќ со Дејан е во брак веќе осум години, а за „Телеграф џетсет“ октри каква е моменталната ситуација во нивниот брак.

„Дејан Николиќ, мажот во чија прекратка се фотографираше Ана Николиќ е мој сопруг, законски сè уште. Ниту со мене, ниту со деца не контактира веќе два месеци. Животот му е како на Ана, така се најдоа за час. Работи како електричар во Германија“ - кажа лутата Валентина и додаде:

„Тој има право на свој живот, но прво нека се разведе. Ние не сме официјално разведени, се обидувам да дојдам до него за да го потпише спогодбениот развод, но не ми се јавува на телефон. Дури ни неговото семејство нема контакт со него. Вознемирена сум, ова е шок за мене. Тој два месеци не ги видел децата. Ние сме заедно 12 и пол години, а 8 години сме во брак и имаме две деца. Од вонбрачната заедница со жената пред мене има уште едно дете“ - наведува Спајиќ, која стравува како оваа афера ќе влијае на нивните деца:

„Ние не сме јавни личности и тоа што го направи влијае на нашите деца кои се на училишна возраст. Никој не размислува за последиците. Се плашам дека постарото дете ќе го задеваат на училиште“ - кажа загрижената мајка, а пејачката сè уште се нема огласено по овој повод.