Обетки од 12 евра и боја која би ја одбрала и принцезата Дајана: Кејт Мидлтон во најубавиот кошула-фустан кој сме го виделе (ФОТО)
Ист ваков фустан, само во бела боја носеше и на Вимблдон во 2019 година...
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон е една од најстилизираните дами во кралските семејства ширум светот, а тоа го докажа уште еднаш.
Таа заблеска кога се појави во центарот „Ана Фројд“ во Лондон, каде што се приклуќи на серијата дискусии на тркалезна маса за предизвиците за менталното здравје со кои се соочуваат младите денес.
Принцезата од Велс кажа дека децата треба да се охрабруваат да учат вештини за менталното здравје кои ќе им помогнат не само на училиште, туку и во сите аспекти од нивниот живот.
На овој настап се појави во прекрасен зелен кошула-фустан, зад кој се потпишува британскиот бренд „Suzannah“, кој е толку едноставен, а во исто време и ефективен.
Струкираниот фустан со ракави до лактите, дефинитивно ја истакна фигурата на принцезата.
Миди фустанот е инспириран од 40-тите години од минатиот век има тенок ремен околу половината со што уште повеќе се истакнува тој дел од телото, но и копчиња по средината на целиот фустан.
Креацијата чија цена изнесува 3.200 евра на принцезата од Велс ѝ стоеше совршено и без грешка.
Ист ваков фустан само во бела боја, принцезата од Велс носеше и на Вимблдон во 2019 година, а очигледно е дека одлучила да се држи до проверените парчиња облека.
Овој избор на фустан, како и самиот крој потсети на едно од прекрасните изданија на принцезата Дајана, додека беше бремена со Вилијам, па сигурни сме дека и нејзината свекрва би го одобрила ова издание.
Принцезата од Велс, овој прекрасен фустан го искомбинира со сандали во бела боја со црн шпиц, кои ги потпишува Алесандра Рич, чија цена изнесува 622 евра, а кои совршено се имаа вклопено во целата комбинација.
Оваа комбинација, Кејт ја надополни со прекрасни обетки, кои чинат 12 евра.
На никој не му побегна ниту нејзината беспрекорно исфенирана коса во бранови и препознатливата насмевка.
Како и секогаш, беше сведено и уредно нашминкана.
фото: Profimedia / Принтскрин / Инстаграм