Објавенo видео од епицентарот на земјотресот во Турција

Подрачјето на областа Сеферихисар, во западниот турски град Измир, епицентарот на земјотресот со јачина од 6,6 степени, снимен е од воздух.

По земјотресот се излеа вода, што создаде дополнителни проблеми. Во Сеферихисар, епицентарот на земјотресот што се случи вчера, граѓани со помош на градски екипи на терен работеа на исцедување на вода од куќите и деловните објекти.

Некои возила завршија во морето, а има и чамци што беа заглавени. Дениз Туфан (68) изјави дека во тоа време била на море и дека не разбрала што се случува. Како што рече таа, водата носела сè пред себе. Друга 80-годишна жена изјави дека седела со децата кога се случила катастрофата.

- Видов како водата доаѓа кон нас. Не можевме да избегаме. Водата доаѓаше од секоја улица. Бевме надвор до утрото - рече оваа жена.

Според последните информации, најмалку 25 лица загинаа, а 804 беа повредени откако во петокот земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди турскиот Измир.