Облечена во најубавото нешто што ќе го видите денес, Елена Ристеска најави нешто ново од Херцег Нови

Со одлични импресии, уште поодлични учесници, совршено море, заврши долгонајавуваниот балкански фестивал „Наше море, наше скале“ во Херцег Нови, Црна Гора, напиша на Инстаграм Елена Ристеска.

Од таму таа најави нова музика.

„Заврши долгонајавуваниот балкански фестивал „Наше море, наше скале“ во Херцег Нови, Црна Гора. Импресии одлични, учесници уште поодлични, море совршено. Уште еден успешен проект во низата на музички проекти во последниве 20 години кариера. Заедно со „Адриа и Јадран медиска група“ и @radio_s1 пробавме да направиме нешто поразлично од досегашните фестивали, со надеж дека секој следен фестивал ќе биде подобар.

Следен проект- нова музика од мене.“

View this post on Instagram

A post shared by ELENA RISTESKA ERA (@elenaristeska_era)



Оваа вест Елена ја соопшти позирајќи со селфи а зад неа совршеното море , облечена во најубавата комбинација која ќе ја видите денес.

Инаку, фестивалот „Наше море, наше скале“ на кој учествуваше и нашата пејачка се одржа од 26 до 28 јуни во Херцег Нови .


фото: Инстаграм