Од 13 до 15 септември: „Skopje Beer Weekend“ на стадионот на АРМ во Градски парк-Скопје
Како круна на ова летно и најдобрите летни концертни журки, но и разладување во се’ уште жешките денови следува уште ден богата музички викенд. И тоа не обичен туку, „Скопје пивски викенд“ (Skopje Beer Weekend ), кој ќе се одржи во три вечери на 13, 14 и 15 септември, на Стадионот на АРМ во Градски парк – Скопје.
Бидете и вие дел од викендот посветен на ладното пиво, вкусната храна и што е најважно, добрата забава со квалитетната музичка програма и понуда која содржи внимателно одбрани изведувачи.
Првата вечер, на 13.08.2024 (Петок) настапуваат:
-Еден од најпопуларните бендови од соседтвото, српските кралеви на концертните журки “Тропико бенд“.
-Најпознатото и најпопуларно македонск ар ен би дуо заедно со својата повеќечлена придружна група во живо – скопските ар ен би волшебници ДНК.
- Македонската „Ѕвезда на Гранд“, атрактивната, сексапилна и заводлива убавица Андријана Петрушовска.
Втората вечер, на 14.08 2024 (Сабота) ќе настапат:
-Позната српска фолк ѕвезда, автор и популерн пејач чии хитови со години сите ги пејат Пеѓа Меденица
- Најпознатата македонска поп-реге-ска група, чии концертни журки исполнети со нивните хитови долго се паметата – „Суперхикс“
- Двојната макфестовска победничка Бојана Скендеровски
И конечно последната, трета вечер на 15.08.2024 (недела)
годинешниов „Skopje Beer Weekend“ ќе го затворат:
-Емотивецот чии срцепарателни песни го допираат сечие срце ,галат и разнежнуваат душата, единствениот Џенан Лончаревиќ
- Еден од најдобрите македонски фолк пејачи, чии врвни интерпретации на незаборавните фолк бисери сите ги пејат во еден глас, Миле Кузмановски
- Крем на кремот кога е народната песна во прашање, некрунисаниот принц на македонската народна новосоздадена песна, неприкосновениот Наум Петрески .
Затоа не пропуштајте ја единствената можност да бидете и Вие дел од „ Skopje Beer Weekend “ од 13 до 15 септември 2024, Стадион на АРМ – Градски парк – Скопје.
Со ладно пиво и храната подобро лизга, а песната поубаво звучи!