Од борбата со неа тешко да излезете како победник: Зошто золвата е трипати полоша од свекрвата?

Доколку сестрата секогаш била вклучена во животот на братот, слободно го изразува своето мислење за неговите одлуки, можеби дури и ги носи, неговото стапување во брак ќе го сфати како губење на авторитетот...

Кога жената се мажи, често размислува како ќе се сложува со свекрвата. Тоа можеби и не треба да не изненадува со оглед на огромниот број предрасуди, но и докази за лошиот однос помеѓу снаите и свекрвите, но една многу важна фигура во животот на вашиот иден маж тешко дека ќе ви падне на ум - сестрата на сопругот.

Еве зошто некогаш е потешко да се сложувате со золвата, отколку со свекрвата!

Едно истражување направено во Чиле во кое учествувале 600 луѓе, покажа дека дури 56% од жените најлошо се сложуваат со сестрата на сопругот. 

Имено, сестрите се обидуваат и по стапувањето во брак на братот да го зачуваат тој нивен „клан“, што настанал уште во детството и авторитетот кој го имаат над најблискиот член од семејството.

„Кога растеме, браќата и сестрите стануваат најсилните фигури во нашите животи, заменувајќи ги со родителите. Тоа е затоа што реалноста и денешницата полесно ја споделуваме со слична или иста генерација“ - вели психилогот Паула Сајез.

Освен тој „клан“, сестрите имаат и други мотиви за конфликти со снаата, а најсилните доаѓаат од семејството и начинот на воспитување. Имено, доколку сестрата секогаш била вклучена во животот на братот, слободно го изразувала своето мислење за неговите одлуки, можеби дури и ги носела наместо него, стапувањето во брак на братот ќе го гледа како губење на авторитетот и ќе биде непријателски настроена кон снаата.

Втората причина може да биде вообичаено ривалство помеѓу братот и сестрата, дури иако е несвесно. Доколку сестрата не е баш во некои односи со братот веќе подолго време, ниту снаата нема да биде баш посакувана и прифатена.

Природната врска помеѓу браќата и сестрите игра важна улога

Многу студии укажуваат на фактот дека бебето создава многу силна врска со братот или сестрата, слични на оние кои ги создава со мајката. Таа врска може да ја објасни потребата на сестрата да го заштити својот брат од „таму некоја снаа“, поради што ќе биде во состојба да и најде милион маани. Позадината на сето тоа всушност е стравот дека таквата силна врска со братот ќе се изгуби поради новата жена во неговиот живот.

Какви се вашите искуства? Дали подобро се сложувате со золвата или свекрвата?

Може да ве интересира:

Свекрва ми има само 43 години: Луѓе мои, такво нешто не сте виделе