Од „Игра на тронови“ до вештачки нокти: Атиџе во фокусот

Твитерџии од цел свет денеска пишуваат за Атиџе Муратова, воодушевени од нејзиното неверојатно животно патување покажувајќи ни ја убавината на врската помеѓу природата и човештвото. 

Фанови од различни континенти прогнозираат медена оскаровска ноќ за нашиот двојно номиниран документарец.

Атиџе од Бекирлија. Мајка на пчелите. Заштитничка на природата. Вистинска наследничка на оскаровскиот трон, пишува еден обожавател. А под коментарот фото-монтажа, Атиџе како Калиси од хит-серијата „Игра на тронови“

Во оваа долга ноќ за нас, она што не ни недостасува е токму креативноста. Како што е и случајот на следната фотографија. Ликот на Атиџе на вештачки нокти.

Не знаеме дали вечерва на црвениот килим Атиџе ќе се појави со вештачки нокти (премногу се фокусиравме на фризурата), но со оскар или без, најважно е да остане своја и никогаш да не дозволи да ѝ ја одземат автентичноста.