Од кралскиот двор до целосна независност: Принцот Хари полни 36 години

Хенри Чарлс Алберт Дејвид Маунтбатен-Виндзор, внук на кралицата Елизабета Втора, поранешен војвода од Сасекс или само принцот Хари, денес полни 36 години!

Пред да се откаже од кралската титула на почетокот на 2020 година, тој беше шести по ред на британскиот трон по неговиот татко, принцот Чарлс, неговиот брат, принцот Вилијам и неговите внуци, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис.

Хари завршил во најпрестижното приватно училиште во Итон, а високото образование го добил на Кралската воена академија Сандхурст.

Кон крајот на 2007 година и почетокот на 2008 година, Хари служеше во Авганистан како воен контролор на летање и ги координираше летовите против талибанците. Откако веста за неговиот престој таму ја пренесе странскиот печат, принцот од безбедносни причини мораше да го прекине престојот во Авганистан пред предвидениот рок.

Заедно со неговиот брат Вилијам, тој посветува многу време на добротворни организации. Тие ги следат стапките на нивната мајка Дајана, која Хари ја изгуби кога имаше 13 години.

Пред неколку години, принцот изгледаше како љубител на бучни забави, што го привлече вниманието на таблоидите, а неговите постапки потоа го доведоа кралскиот двор во непријатна положба. Сепак, Хари влегува во својата трета декада како многу позрел човек, сериозно посветувајќи им го животот на војската и добротворните цели.

Долго време, печатот го нарекуваше „најпосакуваниот ерген во Британија“, но не по појавувањето на американската актерка Меган Маркл. По нивната прекрасна венчавка во мај 2018 година, двојката е скоро неразделна. Двајцата го кршат кралското правило држејки се за рака или кога разменуваат бакнежи за време на јавни настапи, за разлика од другите аристократски парови.

На 6 мај 2019 година, принцот Хари стана татко на момче кое, заедно со војвотката од Сасекс - Меган Маркл, го крстија Арчи Маунтбатен-Виндзор. Во јануари годинава двајцата објавија дека се повлекуваат од своите кралски должности и се преселија во САД.

Денес, по повод неговиот роденден, палатата Кенсингтон објави убава фотографија од принцот Хари, принцот Вилијам и Кејт на Инстаграм, посакувајќи му среќен празник.


Секако, кралицата Елизабета II не доцнеше со своите желби и објави фотографија со принцот Хари од приемот во Бакингемската палата од 2017 година:


Роденденот на Принцот Хари му го честитаа и неговиот татко и Камила.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

Конечно на своето: Меган Маркл после долго време се појави во краток шорц 

(ФОТО) Сега живее во луксуз: Ова е куќата во која Меган Маркл живеела како дете