Од правник, економист и наставник, до актер: Какво образование има завршено жирито во „Ѕвездите на Гранд“?

Стручното жири на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ честопати им го краде шоуто на натпреварувачите, а нивните дискусии, шеги и гестови за време на емисијата се прераскажуваат и неколку дена по емитувањето. Ана Бекута, Драган Стојковиќ Босанац, Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша, Ѓорѓе Давид и Вики Миљковиќ се фантастичната шесторка која никогаш не престанува да ја интригира јавноста, а неизоставен дел од тимот се и творецот на шоуто Саша Поповиќ, кој неодамна се пензионираше, како и Снежана Ѓуришиќ, која е уредник на музичката програма на телевизијата „Гранд“.

Познатите лица на српската естрада се прославија со бројни хитови, имаат одржано стотици концерти, имаат милиони обожаватели, а малкумина знаат што се по вокација. Од адвокати до актери, не можете ни да претпоставите каде и што имаат завршено членовите на жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

Непослушна гимназијалка чиј IQ е 153

Како што самата повеќе пати истакна, низ образованието никогаш немала многу пријатели, особено помеѓу врсниците. Повеќе сакала да се дружи со повозрасните личност со кои разговарала, додека нејзините врсници воопшто не ѝ биле интересни. Тврди дека помеѓу нив се чувствувала како вонземјанин во кокошарник, а тоа го објаснува со својот коефициент на интелигенција, кој изнесува 153. Откако го завршила основното образование, се запишала во Земунската гимназија, а посетувала и музичко училиште и била член во хор. Од инструменти свири флејта.

Правникот кој ја избра хармониката

Податокот кој е помалку познат за јавноста е дека Саша Поповиќ во музичко училиште се запишал поради татко му и дека поминувал часови вежбајќи на хармониката, додека неговата прва желба била да биде фудбалер. Од професионалната кариера во фудбалот се откажал, но кога е образованието во прашање повторно го послушал татко му и се запишал на Правно - економскиот факултет во Нови Сад. Сепак, со таа професија никогаш не се занимавал.

Евровизиската победничка завршила менаџмент

Марија Шерифовиќ основно и средно образование завршила во Крагујевац. Посетувала и нижо музичко училиште, но не го продолжила музичкото образование. По доаѓањето во Белград, се запишала на Факултетот за менаџмент, а потоа ја започнува кариерата како наследничка на Верица Шерифовиќ, својата мајка и набрзо направи поголема кариера отколку што било кој очекуваше.

Рокер и актер

Уште порано, Ѓорѓе Давид раскажа дека како момче сонувал за тоа да стане актер. Во 1983 година се запишал на Факултетот за драмски уметности во класата на професорот Предраг Бајчетиќ. Глумел во бројни претстави, како и во филмовите „Шмекер“, „Проклети пас“ и „Тамна страна сунца“. Познатиот пејач се појави и во сериите „Вук Караџиќ“ и „Синџелиќи“. Сепак, неговиот главен избор е музиката. 

Бекута сакала да биде наставничка

Ана е родена во Бања, место близу Прибој, каде завршила гимназија. Нејзината првобитна желба била да стане наставничка и истата наишла на одобрување од нејзината мајка. Меѓутоа, татко ѝ Бранко кој свирел флејта, ја поддржал во намерата да се занимава со музика.

Фолк ѕвездата завршила музичка академија

Вики Миљковиќ во Ниш завршила основно и средно музичко училиште. Во 1989 година се запишала на музичката академија во Приштина и тоа на теоретскиот смер и станала професорка по музика.

Композиторот од право преминал на економија

Во гимназија, Драган Стојковиќ Босанац се забавувал со својата сегашна сопруга Дуња. Заедно во 1974 година започнале на факултет во Белград - Дуња на економија, а Драган на право. Сепак, по две години поминати на Правниот факултет одлучил да се запише на Економскиот факултет на кој подоцна дипломирал.

Соло пајачка, ѕвезда на народната музика

Уште од раното детство, Снежана Ѓуришиќ покажувала неверојатно музикалност, а тоа прво го забележал нејзиниот татко, а потоа и наставникот во музичкото училиште во Краљево. Често настапувала како солист со училишниот хор, а првпат пред публика пеела во Домот на општествени организации во Краљево. Своето образование го продолжила во главниот град, каде завршила и средно музичко училиште, оддел - соло пеење.