Од раните растат цветови: Ивона Јо горда на телото по операцијата, ослабе повеќе од 40 килограми (ВИДЕО)
Четири ипол месеци по операцијата на желудник, Ивона Јо ослабе повеќе од 40 килограми.
Пејачката која во август минатата година се одлучи за интервенција во Турција со која ѝ беше направено кратење на желудникот, денес е горда на своето тело и лузните по истото.
„Ми се чини дека од раните растат цвеќиња“ - напиша таа и сподели видео на кое јасно се гледа големата трансформација.
Ивона не се плаши да го покаже своето тело и да зборува за белезите кои ѝ останале по операцијата, па неодмна напиша:
- Скоро никогаш не сум внимавала дали на моето тело има гребнатинки или пак некој белег… затоа што дебелите девојки не носат голо. Не е дозволено да се носи хаљина(имав јавен излив и сите знаеме како се сфати и помина), хеланки не, бикини, привлечна долна облека и слично.
Сето тоа предизвикува стигма на нашата душа. По автоматизам не се облекуваме како сакаме затоа што нели не е нормално.
Ех да можам да и објаснам и да и ветам на малата Ивона дека се е океј. Дека ништо нема да се случи доколку го облече она што таа го сака.
Ве молам исчистете си ги дамките од вашата душа и погледнете се со љубов денес. На никој ништо не должиш. Никого не можеш да разочараш.
Единствен човек на кој што должиш нешто си ти. Единствен човек кого можеш да го разочараш си ти.
А овие трагови од операција никогаш не сакам да се тргнат“ - пишува пејачката за белезите кои ги има од операцијата.
Новиот изглед ќе го презентирам во спот - изјави таа после зафатот во интервју за Женски магазин, и рече дека тимот на доктори и нутриционистот, очекуваат по операцијата, минус 55 килограми до јануари, а вкупно бараат од неа, односно нејзиното тело бара од неа, за здрав BMI, да има минус 80 килограми.
Последен пат за килажата таа објави пред еден месец, кога истакна дека има 41 килограм помалку, па веројатно досега оваа цифра е многу поголема со оглед на тоа што таа уште првиот месец постоперативно изгуби 20 килограми.