Од својата комфор зона, Sarah Mace со „Бакар боја“

„Copper room sessions“ на Ивица Јанкуловски до чиста и сурова уметничка слобода во музиката

Ивица Јанкуловски, има уникатна визија за авторската музика во Македонија. Преку проектот „Copper room sessions“ и во студиото „Алшар“ тој одлучи да ги отвори вратите на музичката уметност. Меѓу првите тоа го направи познатата македонска пејачка Sarah Mace. Таа со песната „Бакар боја“ одлучи да започне ново поглавје во својата кариера.

Со ова авторско парче Sarah пренесува лесна и чиста музика, директно од својата комфорна зона, на природен, удобен и лесен начин за неа, таа и харфата, спакувани во квартет. За проектот „Copper room sessions“ Ивица Јанкуловски вели „До сега имаме објавено неколку видеа, но со Sarah Mace блескаме. Таа носи толку многу енергија што е тешко да ја избегнеш. Го замисливме овој проект баш како што се гледа во самото видео. Пеење и музика кои излегуваат директно од сите изведувачи и артисти. Нашиот проект нема граници затоа што тимот не застанува. На ист начин ќе ги водиме и сите со кои ќе продуцираме, ќе нема избор за жанрови на музика, ниту пак селекција на познати и непознати артисти, туку чиста и сурова уметничка слобода.“. Тој најавува уште многу соработки и гостувања.

Видеото од песната на Sarah Mace излегува премиерно на 24. јули во попладневните часови и нејзините фанови и сите обожаватели на добрата музика можат да го погледнат кога ќе се објави на: 


Ставете си потсетник за ова уникатно музичко уживање!

Во „Бакар боја“ Sarah Mace е вокал и свири на харфа. Како вокална поддршка е Теона Јованоска, Симеон Ангеловски е на бас и Драган Теодосиевски е на тапани. Автор на песната, како што посочивме, е Sarah Mace и истата е во продукција на Ивица Јанкуловски, кој е воедно се погрижи и за самиот звук. Камерите ги водеа Стефан Рајхл, Петар Аврамоски Филип Ѓорѓиоски и Антон Лазаревски, а асистент на звук на проектот е Бисера Анастасова.