Од вчера, нарекувајте ја Џенифер Афлек! Пејачката реши да го земе презимето на новиот сопруг и сите се топат од љубов: Стигна првата фотка и ова е доказ за голема љубов
Откако неодамна се шпекулираше дека се венчале на езерото Оконе, Џорџија, навистина се случи заветот за вечна љубов меѓу Џенифер Лопез и Бен Афлек, а тие добија дозвола за брак издадена на 16 јули на нивните целосни имиња. Исто така, се појави и првата фотографија од среќните младенци.
Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа три месеци откако повторно се верија. „ТМЗ“ пишува дека парот добил дозвола за брак во округот Кларк, Невада, и дека таа е издадена на 16 јули и гласи на нивните правни имиња - Бенџамин Газа Афлек и Џенифер Лин Лопез.
Инсајдер изјави за веб-страницата дека тие се венчале и дека лиценцата е „знак дека тие сега се маж и жена“. Иако младенците сè уште не се огласиле да ги потврдат или демантираат пишувањата на медиумите, за нив зборува изводот за брак.
Џенифер ќе го земе и презимето на Афлек. Од канцеларијата на окружниот обвинител на округот Кларк пристигнаа „докази“ кои покажуваат дека поп-ѕвездата ќе го промени своето име во Џенифер Афлек. Изводот за венчавка, сепак, допрва треба да се достави, пишува „Дејли мејл“.
NEWS
— (@BestAffleck) July 17, 2022
Ben Affleck marries Jennifer López in Las Vegas. @JLo will also be taking Affleck's last name. The Clark County Recorder's Office shows the pop star will be changing her name to 'Jennifer Affleck.' pic.twitter.com/xbYRuruhXe
Низ мрежите кружи првото селфи направено од Џеј Ло, а еве како изгледа заљубениот пар во најсреќниот ден од нивниот живот.
Инаку, парот се сврши во април годинава, а Џеј Ло ја потврди среќната вест во емотивно обраќање до обожавателите, откако во медиумите протекоа информации за заветите кога пејачката беше фотографирана со прстен со голем зелен дијамант додека купувала мебел.
„Дали некогаш сте помислиле дека може да се оствари вашиот најголем сон? Сабота навечер додека бев на моето омилено место на земјата (во кадата полна со меурчиња), мојот убав, вљубен човек клекна на едното колено и ме запроси.
Бев целосно неподготвена за тоа и само го гледав во очи, смеејќи се и плачејќи во исто време, обидувајќи се да сфатам дека по 20 години ова повторно се случува. Буквално останав без зборови, а тој рече: „Дали е тоа ДА?“. Му одговорив „ДА, секако дека е ДА“.
Се смеев толку многу и солзи ми се тркалаа по лицето и се чувствував толку неверојатно среќна и исполнета.
Не беше ништо фенси, но беше најромантичното нешто што можев да го замислам... само тивка, вечер дома, двајца луѓе кои ветуваат дека секогаш ќе бидат еден до друг. Двајца многу среќни луѓе, кои добија втора шанса за вистинска љубов.
Зелената отсекогаш била мојата среќна боја и отсега така ќе остане“, напиша славната 52-годишна дама која сподели и видео во кое буквално блескаше и гордо го покажуваше новиот веренички прстен.
Фото насловна: Инстаграм - screenshoot - колаж
Фото: Инстгарам/Твитер/ screenshoot
Moжеби ќе ве интересира: