Одлепив по сребрениот блузон на Superdry: Ивана Кнез го откри својот омилен бренд

Добивај вести на Viber

Нашата колумнистка и позната модна дизајнерка, Ивана Кнез е претпознатлива по својот специфичен моден стил. Покрај својот бренд „Drama“, Кнез од неодамна е освоена од бренд кој е спој на дизајн, квалитет и иновација. 

Станува збор за британскиот  „Superdry“ , кој го канализира духот на Јапонија преку исписите на јапонски јазик кои се среќаваат на самото лого и на голем дел од облеката. Облеката наменета за мажи и за жени е релаксирана, лежерна, но во исто време е модерна и актуелна.

- Со „Syperdry“ се запознав овде кај нас, претходно не ги знаев. Да бидам искрена скоро па никогаш не пратам спортска или кежуал гардероба и ретко нешто ми задржува внимание. Поинакви се, имаат личен печат, а тоа со што најмногу ме придобија мене е квалитетот. Моментално се можеби најдобар бренд по стандард на квалитет во нивната класа. Пристапот кон дизајнот е комплетно специфицен со страшен акцент на несекојдневни детали. Јас имам еден сребрен блузон што одлепив кога видов како е искомбиниран дизајнерски. Нема да се вратам на ниту еден друг бренд, комплетно ме  комплетно ме купија како клиент- откри Кнез за Женски Магазин.

Мотото на брендот кој е вистински урбан „must have” на европскиот пазар гласи: Ние ја создаваме облеката, вие ги создавате приказните. 

Затоа ние со Ивана Кнез ќе Ве наполниме позитивна енергија и мотивација за сите предизвици со кои се среќавате во животот.  Во продолжение неколку аутфити и пораки за убав ден.

1. Девојките умеат подобро.


2. Помести ги твоите граници.


3. Сврти го твојот живот наопаку и соочи се со твоите стравови. Предизвикај се, почитувај се, остани позитивен без разлика што ќе се случи и сакај се со целото твое срце.



4. Мојот свет е љубовта.

5. Сакај го својот живот, сакај го своето тело.


6. Можеш да бидеш што ќе посакаш.

7. Kога се бориш со себе, ја водиш најтешката битка. Важно е станувањето, упорноста и како до замислената слика во огледало. 


Даница Караташова