Официјални фотки од венчавката на Бруклин Бекам и Никола Пелц: Нежна невеста во едноставен фустан, еврејски обичаи и раскош
Први и официјални фотки од свадбата на годината, вредна 3,5 милиони долари.
Бруклин Бекам, синот на Викторија и Дејвид Бекам, се ожени со Никола Пелц, а со оглед на тоа што пристапот беше забранет за медиумите, првите фотографии излегоа денес, ексклузивно на ВОГ, а веднаш потоа и Бекамови и Пелц ги објавија првите фотки од венчавката.
Бруклин Бекам (23), кој е најстариот син на Дејвид и Викторија Бекам, се ожени со милијардерката Никола Пелц (27), на тревникот покрај океанот на семеен имот на Пелц, вреден 103 милиони долари во Палм Бич, Флорида.
На прославата присуствуваа бројни ВИП личности, а бидејќи фотографирањето беше забрането за гостите, во јавноста се најдоа само неколку фотографии.Сепак, сега откако ВОГ ги објави официјалните фотки, двете семејства објавувија фотки од церемонијата на својот Инстаграм.
Невестата носи многу нежна и едноставна венчаница на Валентино, а гоелмиот превез е украсен со тантела.
Бруклин има горда, заводлива насмевка која не ја симнува од лицето, додека невестата блеска во тесна долга венчаница, исто така видно среќна.
- Честитки, господине и г-ѓа Бекам. Добре дојдовте во семејството – напишаа Викторија и Дејвид.
Гордиот татко објави и фотка со тројцата синови, сите одлично „скоцкани“
Двојката се венчала на традиционална еврејска церемонија во чест на еврејското потекло на Никола. Следејќи ја традицијата, Бруклин со нога скршил чаша завиткана во салфетка, откако ги венчал рабин.
Повеќе фотографии:
Ева Лонгорија една од најважните гостинки на свадбата на Бекамови: Во црн фустан со ризично деколте