Официјално најдобриот сос за паста: Има само три состојки!

Сосот за паста кој од страна на кулинарскиот сајт "Delish" е прогласен за најдобар на светот, се прави од само три состојки, а дури и не бара сецкање на кромид, пишува "Dejli mejl" .

Марсеља, авторката на книгата „Основи на класичната италијанска кујна“ советува дека е најдобро сосот од домати да го правите со три состојки - кромид, зејтин и конзервиран домат.

Ова е потребно за рецептот:

-800 грама домати од конзерва , излупени

-1 глава кромид

-6 лажички зејтин

Упатство:

Кромидот исечкајте го на половина, додајте го зејтинот и доматите. Во тенџере динстајте на средна температура околу 45 минути. Промешувајте привремено, а на самиот крај извлечете ги парчињата кромид и со остатокот од смесата прелијте ги тестенините.