Оксана роди петорка, а потоа сопругот ја напушти: 5 години подоцна ова е приказната за една силна жена

Приказна за една навистина силна жена

До 2015 година, семејството на Оксана Кобелецкај и Сергеј Семенов не се разликуваше од милиони други: мајка, татко и ќерка Алиса.

Неколку години по раѓањето на нивната најстара ќерка, парот почна да размислува за проширување на семејството.

Кога на ултразвук дознале дека ќе добијат пет бебиња, останале без текст. Петорките се карактеристични за Ин витро оплодување, но не и за природна бременост. Оксана беше единствен случај. Една од 85 милиони бремени жени.

Лекарите во Одеса веднаш предложија отстранување на неколку ембриони, за другите да можат нормално да се развијат. Идејата не и се допадна на Оксана. Таа одлучи: колку што и дава Бог, толку деца ќе роди.

Меѓутоа, нејзиниот сопруг не бил задоволен од нејзината одлука. И тогаш, за прв пат, ја напушти Оксана.

Тој замина, но не за долго. Или неговите родители го принудија, или тоа беше неговата совест, Сергеј се врати кај Оксана. Крајот на бременоста парот ја дочекаа заедно.


Во 2016 година, се родија пет бебиња. Децата тежеа малку: од 1.200 грама до 1.900 грама. 



Оксана роди три момчиња: Дејвид, Денис и Влад и две девојчиња: Саша и Даша. Петтемина станаа вистинска сензација, не само во Одеса, туку и низ целиот свет. Градоначалникот веднаш им ги предаде клучевите од станот со пет соби, а новинарите постојано ги малтретираа.

Додека беше во болница, Оксана имаше голема помош од персоналот. Меѓутоа, кога се вратила дома, нејзиниот сопруг и мајка се обидувале на секој начин да и помогнат со децата.

Во првите неколку месеци, Сергеј беше таму за да и помогне на Оксана да ги нахрани, да ги избања и да ги пресоблекува бебињата. Таа работа немаше крај. Додека му ја менуваа пелената на  едно бебе, другото веќе моча. Додека хранеше три, четвртото и петтото плачат затоа што се гладни.



По неколку месеци, Сергеј изјави дека е уморен. Оксана ја прифати таа изјава како машка слабост. Не и беше јасно како може да и каже на мајката на неговите деца дека е уморен, додека тој знае да поминува 3 часа дневно на компјутер играјќи игри.

... Децата бараа постојано внимание. Капењето и менувањето траеше вкупно три часа. Оксана станувала сама таа ноќе за да се грижи за децата, бидејќи Сергеј одби.

Кога Дејвид, Денис, Влад, Саша и Даша наполниле шест месеци, нивниот татко одлучил да го напушти семејството и поднел барање за развод. 

До денес, причината за неговото заминување не е позната. Оксана не сакаше да го коментира заминувањето на Сергеј.

Потоа започна „забавата“. Сергеј не сакаше да плати алиментација за своите шест деца:

„Јас не сум физички способен. Се повредив додека бев во брак. Затоа сега не можам финансиски да им помогнам на Оксана и децата“, рекол Сергеј.

Оксана само се смееше на неговата изјава. Таа рече дека ако Сергеј нема пари, може да дојде и да се грижи за децата - бидејќи тоа е доволна помош. Децата беа темпераментни, постојано кршеа нешто, рушеа.

Сергеј не ги посети петмината, ниту поголемата ќерка.

Оксана можеби ќе страдаше поради неговото заминување, ако нејзините деца не ги окупираа сите нејзини мисли и цело време што таа го имаше. Научила да вози минибус за да може да ги вози децата на училиште, градинка, до болница...

Љубезните луѓе основаа фонд за помош на Оксана и децата. Како самохрана мајка на шест деца, Оксана исто така доби помош од државата.

Покрај тоа, Оксана најде начин да заработи.



Таа отвори блог, каде што го опиша животот со шест деца. Животот на ова необично семејство го следат над 100.000 луѓе. Децата учествуваат во снимањето реклами, а семејството заработува многу од тоа.

Оксана успеа да преживее во тешките моменти од својот живот и да остане силна. А, што се случи со Сергеј?

Се чини дека таткото на семејството одлучи да продолжи да се крие зад замислена болест.


Фото: Инстаграм/Оксана