Октомври ќе има „ПЕКОЛНО ЛЕТО“ :Температури за 15 степени над просекот
Како што најавуваат европските хидрометеоролози, летово ќе потрае, а во втората половина на оваа недела се очекуваат температури од 7 до 10 степени повеќе во однос на просечните за овој период од годината.
Severe Weather Europe на својот портал објави дека се очекува многу топло време во централна Европа, каде температурите во седината на оваа недела ќе се движат околу 25 степени, во Франција и Шпанија 30 па дури и над тоа.
Наредниот викенд на северот од Европа се очекува температура за дури 15 степени повеќе од просекот.
Многу топло време се очекува и во најсеверните делови од Европа, по ширењето на топлиот бран преку Скандинавија и Атлански океан се до Гренланд.
Претежно топло со натпросечни температури најавија метеоролозите и за во Македонија. Веќе од утре може да очекувате потопло од денес и стабилизиација по синоќешниот дожд.