Олга покажа како со операција на носот го трансформирала лицето: Луѓето се прашуваат дали ова е можно

Олга Бадерук (22) на Тик-Ток покажа како целосно го трансформирала лицето со операција на носот. Таа го снимила целиот процес, од самиот почеток, преку тоа како изгледа самата постапка, па сè до конечната трансформација, а нејзиното видео собра над 13 милиони прегледи.

Украинската инфлуенсерка во шест различни клипови покажа како го лечи носот, како модринките се повлекуваат и на крајот, резултатот што ги воодушеви следбениците.


Сепак, добар дел од луѓето се убедени дека не е можно таа да имала таков нос и дека користела филтер за да ја драматизира ситуацијата.

- Беше огромен, дали е можно тоа ?

- Мислам дека ова е филтер, кажи ми дека е филтер - пишуваат нејзините следбеници.


Извор: женаблиц.рс