Олимписки игри Париз 2024: Олимписките фанови ја доживуваат возбудата на натпреварот во едрење со Galaxy S24 Ultra
Samsung Electronics им дозволи на навивачите да го искусат натпреварот во едрење
на Олимписките игри Париз 2024 година што се одржа во францускиот пристанишен
град Марсеј. Преку паметните телефони Galaxy S24 Ultra инсталирани на секоја
едрилица, фановите ја доживуваа трката како да се заедно со нивните омилени
спортисти – заедно се бореа со елементите среде Средоземното Море.
Samsung имплементираше оптимизиран софтвер и технологија за поддршка на снимањето и преносот на оваа прва снимка од ваков вид во соработка со Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Олимпискиот сервис за радиодифузија (OBS) и други олимписки партнери.
Паметните телефони Galaxy S24 Ultra беа инсталирани на едрилиците што се користат во натпреварите за едрење. За едрење со змеј и едрење на ветер, паметните телефони Galaxy беа прикачени на рамото на секој спортист и на пловките во вода. Со ова ново искуство на гледање, љубителите на едрењето не пропуштија ниту еден момент.
Сето ова претставуваше една нова низа на предизвици и месеци поминати во истражување, развој и тестирање, во тесна соработка со OBS и други олимписки технолошки партнери за да се гарантира квалитетот на видеото и перформансите на поврзување низ различни водни тела и временски услови, како на пример, силен ветер, огромни бранови или екстремно топло и сончево време. Samsung и неговите партнери се справија со овие предизвици користејќи ги функциите за Оптичка стабилизација на сликата (OIS) на Galaxy S24 Ultra, зголемувајќи ја моќта на преносот и инсталирајќи релејни кули на едрилиците за да се обезбеди беспрекорно искуство со пренос во живо за гледачите.
Во согласност со визијата на Олимписките игри Париз 2024 година за „Широко отворени игри“, Samsung посветено им обезбедува поимерсивно искуство на обожавателите ширум светот.
▲ Паметните телефони Galaxy S24 Ultra инсталирани на едрилицата на Роберт Диксон (Robert Dickson) и Шон Вадилав (Sean Waddilove) од тимот на Ирска додека се натпреваруваат во класата Skiff 49er за мажи на четвртиот ден од Олимписките игри Париз 2024 во Марсеј Марина на 30 јули 2024 година во Франција. (Фотографија од Getty Images)
▲ Паметните телефони Galaxy S24 Ultra инсталирани на едрилицата на Исак МекХарди (Isaac McHardie) and Вилијам Мекензи (William McKenzie)од тимот на Нов Зеланд додека се натпреваруваат во класата Skiff 49er за мажи на четвртиот ден од Олимписките игри Париз 2024 во Марсеј Марина на 30 јули 2024 година во Франција. (Фотографија од Phil Walter/Getty Images)
▲ Паметните телефони Galaxy S24 Ultra инсталирани на пловка во вода додека Макото Томизава (Makoto Tomizawa) од тимот на Јапонија се натпреварува во класата iQFoil за едрење на ветер за мажи на четвртиот ден од Олимписките игри Париз 2024 во Марсеј Марина на 30 јули 2024 година во Франција. (Фотографија од Clive Mason/Getty Images)
▲ Паметните телефони Galaxy S24 Ultra инсталирани на едрилицата на Иан Бароус (Ian Barrows) и Ханс Хенкен (Hans Henken) од тимот на САД додека се натпреваруваат во класата Skiff 49er за мажи на четвртиот ден од Олимписките игри Париз 2024 во Марсеј Марина на 30 јули 2024 година во Франција. (Фотографија од Phil Walter/Getty Images)
▲ Паметните телефони Galaxy S24 Ultra инсталирани на едрилицата на Одил Аанхолт (Odile Aanholt) и Анет Дуец (Annette Duetz) од тимот на Холандија додека се натпреваруваат на патот до златото во трката за медали од класата Skiff 49erFX за жени на седмиот ден од Олимписките игри Париз 2024 во Марсеј Марина на 02 август 2024 година во Франција. (Фотографија од Phil Walter/Getty Images)
▲ Инсталирани паметни телефони Galaxy S24 Ultra на едрилица во натпреварот за едрење на Олимписките игри Париз 2024 во Марсеј Марина, Франција.
▲ Инсталирани паметни телефони Galaxy S24 Ultra на едрилица во натпреварот за едрење на Олимписките игри Париз 2024 во Марсеј Марина, Франција.
ПР објава