Омиленото име меѓу српската естрада има посебно значење: Ќерките им се викаат исто

Новак и Јелена Ѓоковиќ, Ана Николиќ и Раста, Сандра и Андреј Мелниченко се само некои од познатите српски двојки кои решија да им дадат на ќерките истото име - Тара.

Иако до пред околу 20 години, името Тара беше речиси невозможно да се слушне на улиците на Балканот, денес е едно од најчестите кај девојчињата под 10 години.

Од каде потекнува името Тара?

Тара не е старо српско женско име. Иако во Србија има планина со исто име, а во Црна Гора река со име Тара, чиј кањон е втор најдлабок во светот, значењето на ова име сепак доаѓа од Англија. Тоа е збор со келтско-галичко потекло што значи рид, поточно рид направен од камења.

Друго објаснување е поврзано со Холивуд. Имено, популарноста на филмската адаптација на романот на Маргарет Мичел „Одвеано со виорот“ од 1939-та година, и главниот карактер Скарлет О’Хара Тара, доведе до голема популарност на ова име во земјите што зборуваат англиски јазик.

Третото објаснување е дека Тара била божица поврзана со ѕвездите во тибетскиот будизам и била небесна нимфа. Поточно, Тара ја претставува женската форма на Буда, „мајка на слободата“ божица на успехот и достигнувањето.

Во секој случај, ова име одеднаш влезе во Србија на голема врата, а бројни домашни и светски познати личности решија да ги крстат своите ќерки вака, но исто така, станува тренд и во нашата земја, што сведочи дека станува модерно.

Дали ви се допаѓа?

Фото: Guliver/Pascal Le Segretain/Getty Images Foto: ATA Images