ОН предупредува: На Јемен му се заканува глад кој не е виден 4 децении

Лукок посочи дека американските планови за издавање дозволи и олеснувања на хуманитарни организации нема да спречат глад во Јемен, објави Ројтерс.

Помошникот на генералниот секретар на ООН за хуманитарни прашања Марк Лукок ќе ги повика Соединетите држави да се откажат од планот за прогласување на проирански, шиитски хути во Јемен за странска терористичка организација, бидејќи сметаат дека тоа дополнително ќе ја турка земјата во „глад кој не е виден 40 години“.

Лукок најави дека ќе посочи дека американските планови за издавање дозволи и олеснувања на хуманитарните организации нема да спречат глад во Јемен, објави Ројтерс.


Фото: AP/espreso.rs