ОНЛАЈН ТРЕНИНЗИ vs ТРЕНИНЗИ ВО САЛА vs ВЕЖБАЊЕ ВО ПРИРОДА
Што е подобро, вежбање во
сала или онлајн?
ВЕЖБАЊЕ ОНЛАЈН
Предности:
Вежбањето никогаш не било
подостапно. Можете да се приклучите од кој било дел од светот. Вежбате во
комоцијата на вашиот дом, сами или со членовите на вашето семејство и под
водство на тренер. Вежбите се прилагодени за во домашни услови и на мал
простор. Ја избегнувате градската гужва и не трошите време за одење и враќање
од тренинг. Немате трошок за гориво и паркинг. За разлика од тренинзите во
сала, овде со една членарина, од еден уред може да вежбаат сите членови од
вашето семејство. Тренинзите во живо се со утврден распоред, во одредени
термини, но доколку пропуштите тренинг, имате линк од снимка од истиот и можете
да го извежбате кога вам ви одговара. Благодарејќи на снимките од тренинзите,
вежбачите кои од одредени причини не им одговараат тренинзите во живо, можат да
ги искористат снимките и да си организираат вежбање во утрински, пладневни или
вечерни термини, во било кој дел од денот и во кој било дел од неделата.
Со онлајн тренинзите можете да извежбате дома или во природа, од било кој дел
од светот (каде што има интернет), со други зборови, кога сакате, каде сакате.
Недостатоци:
Немање на можност директно
следење и коригирање од страна на тренерот, користење на справи и реквизити кои
ги обезбедуваат клубовите, можноста со други лица „заеднички“ да ја споделите
тежината на тренингот, размената на позитивната енергија на лице место, во
живо, заедно со тренерот и останатите вежбачи во самата сала, па и можноста за
дружба со другите вежбачи пред или по самиот тренинг и на самите мини паузи
(иако тренингот пред се’ служи за вежбање, а не за муабет)
Предности
Вежбањето
во сала си има свои предности. Почнувајќи од тоа дека сте во директен контакт и
под надзор на тренер, можност за користење на голем број на реквизити и справи
кои не можат да се користат во домашни услови. Можноста за дружба со останатите
вежбачи. Самото присуство на други лица во салата, придружено со добра музика и
одлична атмосфера, мотивира.
Вежбањето во сала овозможува
тренерот директно да ви демонстрира одредена вежба, да ви го објасни начинот на
држење на телото, правилна изведба на вежбата и правилно дишење и секако да ве
следи и коригира доколку грешите некаде.
Недостатоци
Добар дел од вежбачите може да
живеат подалеку од салата во која што вежбаат. Може да стигнат до неа пешки, со
велосипед, што одзема време, а ако користите како превозно средство автобус или
автомобил, чини пари за автобуски билет, гориво, паркинг.
Групните тренинзи во сала се во
утврдени термини, па може да не ви одговаараат термините или пак од одредени
причини да пропуштите тренинг и да немате можност да го извежбате.
ВЕЖБАЊЕ НА ОТВОРЕНО
Предности:
Директен контакт со свеж воздух,
вода, сонце. Пешачење, трчање, возење на велосипед, планинарење, пливање и уште
многу, многу други индивидуални и групни активности. Вежбањето во природа го
подобрува расположението, го намалува стресот, смирува. Можете да го
практикувате сами или со друштво. Со или без надзор на тренер. Вежбањето во
природа секогаш треба да ви биде првата опција!
Недостатоци:
Лошите временски услови можат да ни попречат или да не оневозможат да го извежбаме планираното.
За вежбањето во природа можеби напишав најмалку, но треба да се практикува
НАЈМНОГУ!
Без разлика дали ќе
вежбате онлајн, во сала или на отворено:
За предностите: Искористете ги максимално!
За недостатоците: Можат одлично да им послужат како изговор на
недисциплираните, но не и да им помогнат!
Значи, ако сакаме да вежбаме,
фокусот ќе ни биде на предностите, а не на недостатоците, а изборот ќе го
направиме согласно она што ни се нуди како можност и што ни одговара. Важно е,
НИКОГАШ ДА НЕ ЗАПРЕМЕ СО ФИЗИЧКА АКТИВНОСТ И ЗДРАВ НАЧИН НА ЖИВОТ, НИКОГАШ!
Во ова време на силни предизвици,
вежбајте редовно, хранете се здраво и зајакнете го вашиот организам и вашиот
имунитет. Бидете позитивни, сведете го стресот на минимум, а добрата форма и
добрата линија ќе бидат само дополнителен бенефит, но главниот фокус сепак е
ЗДРАВЈЕТО НА ПРВО МЕСТО!
Проф. Лазар Иванов, професионален тренер по Микс Аеробик и Фитнес
Сите права се задржани