Оригинално и храбро: Бремена жена не сакаше да се фотографира, па сопругот ја замени

Храброста и оригиналноста на човекот насмеа многу луѓе на Интернет

Сигурно сте виделе фотографии на социјалните мрежи од бремени жени кои носат прекрасни фустани и венец со цвеќиња во косата, додека позираат на прекрасни цветни ливади. Во минатото, само познати личности, како Бијонсе и Ким Кардашијан, имаа вакви фотографии, но денес, секој што може да си дозволи фотограф може да ги добие.


Маж по име Пако и неговата сопруга чекаат дете. Бидејќи неговата поубава половина е во деветтиот месец од бременоста, тој ѝ понудил да направат серија современи фотографии, направени во природа, но таа го одбила.


Иако долго време се обидувал да ја убеди, сфатил дека нема да успее во тоа, па го повикалсвојот пријател фотограф и решил тој да биде модел.


Човекот го искористил пивскиот стомак за да црта – па така на стомакот нацртал цвеќе и го напишал името на бебето. Во согласност со темата на фотографирањето, Пако облкол здолниште и врзал бела лента околу градите, а главата ја украсил со цветна лента.


Фотографиите на овој симпатичен човек ги објави авторот Мартин Вилкс на Фејсбук, а храброста и оригиналноста на Пако насмеа многу корисници на Фејсбук.


Фотките станаа вирални на Интернет.


Фото: Фејсбук

Можеби ќе ве интересира:

(ВИДЕО) Ја остави во осмиот месец од бременоста: Она што го најде во рерната после тоа ѝ го промени животот