Остави сѐ на врвот на својата популарност: Го видов најлошото од Холивуд, сакав да избегам

Џилијан Андерсон за време на снимањето на серијата „Досие Икс“ донесе одлука дека, откако ќе заврши со тој проект, ќе си оди од Лос Анџелес. Потоа се пресели во Лондон и тоа во моментот кога беше една од најперспективните млади актерки. Од оваа одлука и ден денес е потполно задоволна.

Врвот на популарноста го дожиеа кога во 90 - тите ја доби улогата на ФБИ агентката, Дана Скали. „Досие Икс“ брзо ја вивна во ѕвездената орбита, а Џилијан стана позната во секој дел од светот. Сепак, актерката не се одлучи да ја продолжи својата холивудска авантура, туку донесе одлука на врвот на својата популарноста да напушти сѐ - и Холивуд и Америка.

Таа се пресели во Лондон и почна поинаков животен пат - секако не помалку успешен. „Многу луѓе во тоа време не разбираа што правам и зошто заминувам, но го видов најлошото од Холивуд и знаев дека ќе си заминам веднаш штом ќе заврши серија. Тешко се справував со тоа што станав толку популарна во тие години. Го мразев тоа и сакав да се извлечам“ - рече Андерсон во неодамнешното интервју за австралисиот магазин „TV Week“.

Причината за интервјуто дојде откако Нетфликс ја објави четвртата сезона на хит серијата „Круна“, во која Џилијан ја имаше улогата на првата британска премиерка Маргарет Тачер. „Сега сум постара и моќам да гледам на сѐ од друга перспектива. Се исплатеше тоа што го следев мојот инстикт, никогаш не ни размислував да се вратам во Америка“ - додаде Џилијан, објаснувајќи дека одлуката што ја донела во младоста повеќекратно се исплатела.

На крајот на краиштата, преселувањето во Лондон беше логично - Џилијан го помина детството во Велика Британија и нормално е дека таа земја ѝ недостасувала. „Отсекогаш знаев дека ќе се вратам“ - рече таа во интервјуто.

Заминувањето од Холивуд не ја одврати од кариерата и Андерсон се разви во расна актерка. Ова го докажа со улогата на Маргарет Тачер, која ја играше во хит серијата „Круна“. Критичарите веќе предвидуваат дека таа може да биде наградена со престижната Еми награда за тоа достигнување, а нејзината изведба ја нарекуваат совршена.

Таа сериозно се подготвуваше за улогата на „челичната дама“, работеше со двајца вокални тренери, се загреваше во темни и напуштени простории и се обидуваше да го долови карактерот на жената која во 80 -тите, со своите одлуки ја обликуваше Велика Британија. Беше вистински предизвик да се прикаже толку карактеристична и силна жена, а во исто време да се покаже нејзината сложена врска со кралицата Елизабета Втора, но Андерсон се справи со една од најголемите улоги во нејзиниот живот.