Остави сопруга и дете: Кој беше Токан, тапанарот од „Амадеус бенд“ кој почина од коронавирус?

Бојан Златановиќ Токан, тапанарот на групата „Амадеус“, кој почина денес на 45-годишна возраст од последиците од коронавирусот, сакаше живот, музика и адреналин. Токан е роден на 20 октомври 1975 година во Лесковац. Тој свиреше тапани и пееше во групата, а според нивниот официјален блог, тој бил одговорен за највисоките тонови.

Според нивната веб-страница, на Токан му се допаѓала црната боја, без разлика дали било тоа за девојчиња или за автомобили.

Кога станува збор за музика, тој ги обожавал бендовите Дип Парпл, Вајт Снејк, Дејв Векл, Рамштајн.

Живееше во Белград и сонуваше за Америка.

Позади себе ги остави сопругата и детето.

Тој беше голем љубител на адреналин, природа и брзи мотори, како и велосипеди.


Неговата љубов кон брзото возење речиси го чинеше живот пред три години, кога налета на мотор додека возеше велосипед и се здоби со скршеници на двете раце.

Потоа бил итно пренесен во Ургентниот центар, но неговиот живот не бил загрозен.

View this post on Instagram

A post shared by Bojan Zlatanovic - TOKAN (@tokandrums)


Инаку, на Инстаграм профилот на Бојан можете да видите многу фотографии од мотори и велосипеди, а последниот пост  на Бојан е објавен пред еден месец и тогаш објавил фотографија од велосипед.


Фото: Инстаграм