Осум години по убиството: Сестрата на Ксенија Пајчин се сеќава

Добивај вести на Viber

Поминаа повеќе од од осум години откако е убиена српската пејачка Ксенија Пајчин. На денешен ден, Пајчин ќе наполнеше 41 година. Нејзината полусестра, Миа објави емотивна порака на својот Инстаграм профил.

„ Ксенија беше многу енергична личност, можеше многу да направи. Имаше цврст став и беше во свој стил. Толку бунтовна, своја и единствена, пленеше со добрина и убавина“, изјавила Миа. Таа е е ќерка на таткото на Ксенија од неговиот втор брак.

Ксенија беше убиена во март 2010 година. По кавга поради љубомора, ја уби нејзиното момче, манекенот Филип Каписода. Откако ја убил неа, тој се самоуби.