Осумгодишниот Павле прв доплива до светиот крст: Приказна која го обиколи регионот

Уште една инспиративна приказна вчера на Богојавление (Водици) ги освои читателите од целиот регион. Осумгодишниот Павле Жерајиќ прв доплива до светиот крст во Неретва во населеното место Ортијеш во Мостар. 

Тој беше еден од триесетмината учесници кои одлучија да го испочитуваат православниот обичај.

- Беше ладно, но едвај чекав да дојде овој празник. Мојот татко секоја година плива по светиот крст - им изјави Павле на босанските медиуми.