Откри како ќе се вика ако е девојче, ама ако е момче ќе биде тајна: Парис Хилтон се огласи по гласините дека е бремена

Вчера американските медиуми објавија фотографии од популарната наследничка, на кои наводно се гледа нејзиниот труднички стомак, па таа реши веднаш да ги замолкне гласините.

Светските медиуми синоќа објавија дека Парис Хилтон е бремена, а веста веднаш го преплави Интернетот. Старлетата, диџејката и богатата наследничка се огласи по гласините.

- Јас не сум бремена. Се уште не - рече Парис и искрено додаде: - Чекам додека не заврши свадбата. Мојата венчаница се шие во моментот и сакам да бидам сигурна дека ќе изгледа убаво и дека ќе изгледа совршено за мене.

Хилтон истакна дека не е сигурна како започнале овие гласини, но долната облека е виновна за се.

- Претпоставувам дека е новиот градник со push-up „Парис Хилтон“ од мојата нова линија долна облека е крив за ова. Го носев на вечерата што излегов со мојот свршеник ... Претпоставувам дека ме сликаа, ги објавија фотографиите и сега некој извор тврди дека Парис Хилтон е бремена. 

Таа додаде дека е навикната на вакви озборувања.

- Таа гласина дефинитивно не е точна - рече Парис и призна дека едвај чека да има деца.

Како што истакна, се надева дека следната година ќе стане мајка, а нејзината ќерка ќе се вика - Лондон, и ако е момче исто така ќе носи име на град или земја.

- Ќе биде изненадување, не сакам никој да ми го украде името за тоа дете. Почекајте 2022 година, нема да можете да верувате во она што го читате - објави Хилтон.


Фото: Profimedia

Можеби ќе ве интересира:

(ВИДЕО) Парис Хилтон се вери со прстен од два милиони долари: Цел тим учествувал во неговото создавање