Отворете се за чудата
Со една моја драга клиентка зборуваме на коучинг сесијата за следни чекори во врска со нејзиниот проект на којшто работи и така повторно спомнуваме дека на тој датум и’ е роденден, го поврзуваме со некои активности и задачи...
Мислејќи на неа, одеднаш ми доаѓа мислата (од оние светлите, креативни, позитивни, инспиративни и мотивирачки, а, впрочем, вежбам да примам само такви): нејзе и’ е роденден овој месец, а јас сум преплавена од среќа од нејзините чекори и успеси (како и на секоја моја клиентка), си велам, што се’ направи во тој и тој период... Што се’ посакуваше, а не знаеше како изгледа тоа и како да го оствари, не знаеме понекогаш ниту што точно посакуваме, па чекор по чекор го гледаме...
И, еве ја
главната мисла-водилка: Лани ова време, јас не ни знаев дека ТАА постои.
Не ги знаев нејзините желби, стремежи, копнежи, визии и цели... А, денес, ги
славиме заедно.
И ќе има уште. И не е само таа, ги има многу, со различни успеси, различни
лични, професионални достигнувања, различна еволуција – која ТАА станува секоја
од нив...
Замислете, на пример, лани или годинава да се откажев од својата работа! Немаше да посведочам на многу промени, еволуции и позитивни влијанија што овие жени ги направија и ги прават, и ќе ги прават...
Имам уште многу примери да набројувам. Еве, има и примери со жени што ги знаев лани, со коишто соработував и претходно, коишто се обучувале кај нас... Денес ќе сведочам на нивни активности, за коишто јас, лани ова време, едвај наоѓав време да ги завршам подготовките, а камоли да го пренесам тоа знаење на други...
Мојата порака до
вас е следната:
Понекогаш не гледаме подалеку, го мериме животот само со она што го гледаме,
доживуваме сега, тука, со оние спомени и искуства што ги имаме до тогаш, со
оние вештини и знаења, со онаа верзија од нас што ја имаме до тој момент... Не
сме ни свесни, само, можеби, ја насетуваме некоја идна наша верзија од нас како
личности, од нашиот живот, што се наѕира таму некаде, а можеби и не...
За да стигнеме до таа верзија (како што стигнавме од верзијата да бидеме средношколки до верзијата возрасни жени), треба да го слушаме своето срце, своето тело, своите чувства, а да бираме кои мисли ги слушаме, а кои ги игнорираме. За да стигнеме до таа верзија, треба да чекориме, да преземаме активности, да се прашуваме „Што уште не знам? Што уште треба да научам? Што треба да дознаам? Кои чекори да ги направам? Како да дојдам до таму? Од каде ќе побарам и добијам помош?“ и ред други прашања, зависно од фазата во вашиот живот и темата на којашто размислувате
Најмногу од се’ – треба да се научиме да чекаме и да се отвориме. Да чекаме додека одиме. Да чекаме додека преземаме активности. Да чекаме додека вежбаме благодарност. Да чекаме додека се учиме како да се отвориме. Да се отвориме кон невиденото, кон неоствареното, кон новите верзии од нас, од животот, од светот околу нас... Да се отвориме кон чудата, мали или големи, како сакате. Како што е чудо и самото наше постоење и еволуција. Колку ли уште луѓе постојат што не сте ги запознале до сега? Колку ли уште вештини постојат за кои не сте ни биел свесни до сега? Колку ли уште нови начини на правење на некои работи постојат, а не сте ги виделе до сега?
За практична
примена, помислете и запишете одговори на следниве прашања:
- Што ново и убаво видов, доживеав, остварив, а, не беше присутно во реалноста лани
во ноември?
- Кои делови од мене, особини, емоции, навики, способности ги живеам сега, а не
беа присутни во мене лани во ноември?
- Што ново и убаво сакам да видам, доживеам, остварам идната година?
Од каде да почнам? Од каде да побарам помош?
Ирена Јакимова, Професионален обучувач за возрасни и тренер (coach), ментор за личен и професионален развој
Inspirit Coaching