Ова е местото за помош за сите математички проблеми

Страницата ги содржи најбитните лекции по математика, описни задачи врзани за секоја лекција, a сега почнуваме да снимаме и видео лекции, како кратки презентации за одредената тема или лекција.
Љубовта кон математиката и воопшто кон природните науки била причината да ја направи интернет - страницата „Е - математика“. Идеата за креирање на овој портал за математика датира уште од 2012 година.Од ден на ден содржината на лекциите растеше, се воведуваа нови рубрики и многу повеќе корисни информации за љубителите на математиката.
Најчести посетители на страницата се учениците од основно образование, средношколците и студентите од техничките науки, а во период и на тестови тука се и родителите, кои им помагаат на децата да ги решат задачите.
Е - математика ги содржи најбитните лекции по математика, описни задачи врзани за секоја лекција, а исто така има и неколку видео-лекции, како кратки презентации за одредената тема или лекција. На Порталот има и интерактивен дел за читателите, а тоа се најчесто интересни математички прашања, задачи, досетки итн.
Покрај математичките лекции, на Веб страната имаме и професори кои им помагаат на учениците во решавањето на некоја задача, или приватно им држат часови по математика. Многу често бараат препорака за одреден професор, па затоа ставивме листа со професори кои даваат часови по математика за да им помогнат, бидејќи овој предмет бара континуирано учење и вежбање.
Секој сериозен образовен систем во светот ја става математиката како приоритет
во наставата бидејќи предметот има огромно значење во развивањето и градењето на личноста. Математиката наоѓа примена и во секојдневниот живот.
Многу науки се тесно поврзани со овој предмет, така што математиката е основа за
електротехника, медицина, економија, архитектура итн. Според содржината што
се изучува, сметам дека во македонскиото бразовен систем темелно се изучува
предметот математика. Дополнително, за развојот и пред сè за разбирањето и полесното совладување, голема улога играат и страници како што е „Е -
математика“.