Ова е моето тело после два тешки царски реза: Маја Кикириткова е горда на своите лузни (ФОТО)

ЦарицаХ2 - Маја Кикириткова емотивно за двата теши царски реза, ги покажа лузните

Познатата модна дизајнерка Маја Кикириткова е мајка на синот Лазар и ќерката Ева кои ги има со сопругот Александар Трајковски.

Пред неполни три години за првпат се оствари во улогата на мајка со синот Лазар, предвремено родено бебе, за него Кикириткова вели е нејзин прв борец. Тука не завршува борбата на Маја, бидејќи и со втората бременост наидува на потешкотии, за кои искрено пишуваше и на својот профил на Инстаграм.

Овојпат, токму на оваа платформа таа реши да го раскаже подетално своето искуство со двете бремености и два тешки царски реза кои ги имала. Покрај тоа испрати силна порака „Сите ние сме царици, без разлика дали сме родиле природно или царски“

Нејзиниот статус во целост:

„Ова е мое тело, тело после две бремености, тело после два тешки царски реза. Да ова се мои лузни, ги сакам и сум горда на нив, една за Лазар и една за Ева.
Кога останав бремена со Лазар цело време во мисла ми беше природен пораѓај. На докторот постојану му зборував како сакам детето да се роди природно, а он само викаше, Маја додека не влезеш во 36та гн, не правам муабет на темата пораѓај. И во право бил, не ја дочекав 36та недела. Тој ден 22.12.2017, сабајлето бев на преглед кај матичната, ми рече, супер е се’, уживај последните недели од бременоста. Во 17h, требаше да одам на јога за трудници. Влегов да се спремам и видов дека сум прокрварела. Александар беше предновогодишно во кафана. Не му се јавив да не го возмемирувам, потсвесно верував дека не е ништо сериозно, иако знаев дека не е во ред. Го побарав докторот и рече, дојди дежурен сум. Отидов во болница, крварењето беше пообилно. Ми рече, Маја ќе мора да те задрживме во болница, плацентата е одлепена. Ќе те следиме, доколку можеме некој ден да пролонгираме. А јас, ама докторе јас сум 34та. Му се јавив на Александар, дојде со брзина на светлината. Не можев да издржам ни неколку саати, а не неколку денови. Во 20:10 се роди Лазар. Итен царски, затоа што ако не се реагирало на време, прво се губи бебето, па мајката.
Втор пат бремена, молење да дочекам 36та, милијарда испитувања и пак истото, пак прокрварев, пак 34та, пак во болница и пак итен царски.
И да, не сум царица, царицаХ2 сум, затоа што имам две прекрасни деца, живи и здрави 
Сите ние сме царици, без разлика дали сме родиле природно или царски. Каква е вашата приказна?“
 


Денес Лазар има три години, Ева има скоро 11 месеци и за среќа се е во ред, а мама Маја и тато Александар уживаат со своите најмили.