Ова е непотизам, девојчето не е за манекенка, но има славна мајка: Кејт Мос горда на ќерка си, а Британците ја нападнаа со страшни реакции!

Кејт Мос, еден од најдобрите супермодели досега, вчера на Лондонската модна недела конечно доби можност да биде онаа која се восхитува на моделот на пистата наместо да биде sвезда на истата.

Имено, Кејт „пукаше“ од гордост, што може лесно да се заклучи од изразите на лицето, додека ја гледаше ќерка си Лила како шета по писта полна со самодоверба на модната ревија на дизајнерот Ричард Квин.

Прославената 46-годишна жена изгледаше одлично во секојдневна, но елегантна облека, комбинирајќи кадифена јакна во темно сина боја, бела кошула и фармерки-ѕвонарки. Кејт го комплетираше стајлингот со кафени чизми и плико чанта со дезен, како и модерни очила за сонце. 

Едноставно и ноншалантно, без многу шминка и со опуштена фризура, онака како што сме навикнати да ја гледаме.

Очекувано - Кејт зазеде место во првиот ред на шоуто, и со насмевка ја гледаше Лила на работната задача во црвен комбинезон со голи рамења. 

Инаку, манекенката ја доби Лила со директорот на медиумската компанија Џеферсон Хак, а парот се забавуваше од 2001 до 2004 година. Дури и по разделбата, тие останаа во пријателски односи и ѝ обезбедија на ќерката среќно воспитување во присуство на двајцата родители.

Интересно е што Лила дебитираше на пистата на 18 години, исто како и Кејт во 1992 година, кога прошета на пролетната модна ревија на брендот Долче и Габана, а дали ќе има подеднакво брилијантна кариера како нејзината мајка - ќе покаже времето. 

Наводно, Мос е целосно фокусирана на кариерата и стилот на нејзината ќерка, и ги ставила во мирување својата работа и кариера со цел да му даде приоритет на пробивот на своето единствено дете на модната сцена. Инаку, Лила минатиот месец стана заштитно лице на новиот парфем „ Perfect“ со потпис на марката Марк Џејкобс.

Дебито на Лила Мос предизвика бурни реакции кај Британците, што не изненадува со оглед на тоа дека Кејт беше британска икона и една од најомилените членови на нивната шоу -бизнис сцена. Но, коментарите на социјалните мрежи и портали има се‘, само не позитивни. 

„Нејзината ќерка навистина не е ништо посебно“, „Таа е просечна“, „Висока е само 165, како може да биде модел?“, „Се‘ што ви треба во животот се славни родители, ни талент, ни убавина, ни духовитост , ништо ... “,„ Лила дефинитивно не е материјал за модел, се‘ што има е славна мајка“,„ Извини, Кејт, но ќерка ти едноставно нема карактер или харизма, камерата не ја сака",„Класичен непотизам, но залудно туркање - може да се види дека Лила не е родена за да биде модел", ова се смао некои од коментарите на Британците.


Фото: Profimedia

Кејт Мос е модна икона, но нејзината сестра е далеку од тоа: Лоти нема таков осет за есетика и софистицирност (ФОТО)