Ова е омилената боја на Кејт Мидлтон: Елегантниот костим го искомбинира со обична бела блуиза, шпиц чевли и изгледа топ

Добивај вести на Viber

Принцезата од Велс потврди дека бордо е нејзината омилена боја. И го носи на најефикасен начин.

Кејт Мидлтон во Лондон се сретна со светските шампиони, рагбисти со посебни потреби. Сопругата на принцот Вилијам со години поддржува спортисти во различни дисциплини. Покрај борбата за подигање на свеста за менталното здравје и поддршка на раниот развој на децата, ова е најважната област на која е посветена. 

За важниот состанок избрала костим со едноставен крој, салонките одговараат на бојата на облеката и обична бела блуза. Дискретниот златен ѓердан е суштински детаљ.

Со оглед на тоа што бордото е омилена боја на Кејт Мидлтон, така и костимите се „закануваат“ да станат нејзини омилени во модата. 

Голем број на жени го сакаат ова парче облека бидејќи со нив ретко се прават модни грешки, лесно се комбинира со останатиот дел од гардеробата и деталите и е многу практично.


Фото: Профимедиа

Како стариот капут да го носите на нов начин? Кејт Мидлтон има нова модна лекција за вас (ФОТО)