Ова го прават сите додека вршат голема нужда, а не знаат колку е опасно: Експертите откриваат - само два начини се правилни

Добивај вести на Viber

Експертите открија како погрешното вршење на голема нужда може да влијае на здравјето на целиот организам

Иако вршењето нужда секој го смета за рутина, експертите тврдат дека одредени правила се исклучително важни за да се избегне појава на хемороиди, запек или слични проблеми.

Исполнувањето на основните физиолошки потреби и здравото варење кај луѓето подразбира исфрлање на штетните материи од организмот, па затоа е од голема важност да имате редовна столица. Многумина остануваат во бањата подолго отколку што треба, а причината за тоа често е запек, како и хемороиди, кои воопшто не се редок проблем.

Сепак, малкумина знаат дека положбата што ја заземаат додека вршат нужда и како тоа влијае на здравјето. Тим од дански научници дошле до заклучок дека додека ја прават најприродната работа на светот, многу луѓе грешат.

Според данските научници, голем број луѓе, дури една третина од светската популација, испуштаат звуци кога вршат нужда, а тоа воопшто не се препорачува.

„Во суштина, сè се сведува на притисок, а тој притисок се намалува кога испуштаме воздух. Така, со испуштање разни присилни звуци, го намалуваме притисокот и тоа нема ефект на олеснување, туку обратно", вели Јан Фалингборг од Универзитетска болница „Архус“. 

Тој тврди дека неправилната положба на седење на тоалетната школка е причина за многу здравствени проблеми - од хемороиди, запек, формирање на фистули, напрегање на цревата и други состојби.

Како што сугерираа, далеку подобра и поздрава положба која е најприродна за празнење на дебелото црево е чучнувањето.

„Околу 1,2 милијарди луѓе ширум светот чучнуваат додека вршат нужда и имаат значително помал процент на дигестивни проблеми“, забележуваат експертите.

Бидејќи е малку потешко да ја постигнете оваа положба на ВЦ-школката, експертите препорачуваат во бањата да внесете табуретка на која кога седите ќе ги кревате стапалата, а телото треба да го наведнете напред.

Извор: stil.kurir.rs