Oва се 5-те најубави плажи во цела Грција: Розе песок, црни камчиња, рајски глетки (ФОТО)

Време е за одмори. Подготовките за море се во полн ек, а доколку сѐ уште не сте се одлучиле каде да летувате, можеби една од најубавите плажи на Грција ќе ви помогне да одлучите.

Веќе знаеме дека Грција е омилена летна дестинација. И тоа е земја која има се! Таа гледа на три мориња и се наоѓа на стратешки важно место во Европа на самиот југ на Балканскиот Полуостров. Таа е и културна лулка на Европа, а покрај богатата историја има бескрајно пространство од најубавите пејзажи во светот, па од планина до море, на нејзината убавина и нема крај.

Затоа е многу тешко да се изберат само одредени делови од оваа земја. Сепак, со оглед на тоа дека е лето, ќе се обидеме да ги издвоиме петте најубави плажи.

View this post on Instagram

A post shared by earth| love | peace (@earth.lovers.only)



А бидејќи Грција ги има во изобилство и дека секоја е совршен на свој начин, која и да се истакне заслужува да има статус на најубава.

Плажата Камари во Санторини

Санторини е еден од симболите на Грција, а плажата Камари, покрај магичниот бел град, е симбол на овој остров. Позната е по црниот крупен чакал, долга е и се протега по целото шеталиште кое е веднаш до неа.

View this post on Instagram

A post shared by Kamari Beach Hotel Santorini (@kamaribeachhotelsantorini)



Популарна е меѓу туристите бидејќи нуди се што ви треба во непосредна близина. Храна, пијалоци, продавници, продавници за сувенири, спортови на вода. Убаво е уредена, со лежалки и чадори што се издаваат.

Плажата Балос на Крит

Плажата Балос со години е меѓу десетте најубави плажи во Грција. Плажата потсетува на рајските плажи на Карибите поради белиот песок и бескрајната, речиси нереална тиркизна боја на морето. Замокот на блискиот остров Грамвуса ја додава убавината и мистичноста на ова место.

View this post on Instagram

A post shared by Balos lagoon Crete (@baloslagoon_crete)



Плажата Балос се состои од два острова - Агрија, која е прилично дива, и Имери. Патот кој води до плажата Балос е доста непристапен, па затоа главно се препорачува да се оди со џип или со поголем автомобил кој може да оди по неасфалтирани патишта.

Навахо плажа на Закинтос

Ова е една од најпознатите плажи во светот! И секако, најпознатата плажа на Закинтос.

View this post on Instagram

A post shared by gregvoyage (@gregvoyage)



Се наоѓа на северозападниот брег на Јонското Море, а претходно беше позната како Агиос Георгиос (Свети Ѓорѓи), а бродот МВ Панајотис, кој се насука на нејзините брегови во октомври 1980 година, е најпрепознатливиот симбол на оваа плажа.

Плажата Елафониси на Крит

Оваа плажа е прогласена за една од петте најубави плажи во Европа. Се наоѓа на крајниот југозапад од островот, на 75 километри од Ханија.

View this post on Instagram

A post shared by Antonis Avlogiaris (@antonisvls)



Плажата е одвоена од југозападниот брег на Крит со лагуна со исклучително плитка и топла вода, а токму тоа е нејзината најпосебна карактеристика, заедно со розовиот песок.

Плажата Порто Кацики на Лефкада

Секоја плажа на Лефкада може да се прогласи за најубава плажа на светот! А Порто Кацики, освен што е симбол на овој остров, ги има и сите најубави можни епитети на вистински рај на земјата.



Се наоѓа во југозападниот дел на Лефкада, околу 44 километри југозападно од главниот град Лефкада. Плажата е сместена во карпест лак со зеленило на врвот, што се издига на север.

Почувствувајте го шармот на Грција и уживајте во една од овие рајски плажи.