„Ова сум јас кога се убивав од алкохол и апчиња“: Пејачката имала 108 кг, а сега е друга жена

Добивај вести на Viber

Пејачката и актерка Џесика Симпсон на Инстаграм објави фотографија направена пред шест години на која е непрепознатлива, а овoj пост е своевидно потсетување на еден период од нејзиниот живот во кој поминала низ тешки лични битки.

На фотографијата е во времето кога била зависна од алкохол и апчиња.

„Пред шест години“, напиша таа овој пат со објава на нејзината приказна на Инстаграм.

Во 2017 година таа одлучи да се промени, да биде трезна, да живее подобро и поздраво.


„Оваа личност од раните утрински часови на 1 ноември 2017 година е моја непрепознатлива верзија“, напиша таа кога првпат ја објави фотографијата.

View this post on Instagram

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson)



„Се убивав со сиот тој алкохол и апчиња“, напиша таа во својата автобиографија.

Признала и дека и било многу полесно да се откаже од алкохолот отколку да помине низ терапија во која морала да се соочи со траумите што ги доживеала.

Сега, по четири години трезвеност, Симпсон проговори за тоа дека е означена како „алкохоличар“ и за вистинската природа на нејзината борба.


фото: инстаграм