Ова вчера беше најгледаното видео на цела планета: Фустанот на Ким Кардашијан е болно тесен, не може да се движи во него, погледнете како се качува по скали

Ким потврди дека е следбеничка на познатата флоскула дека треба да трпиш за убавина!

И Ким Кардашијан заплови во дизајнерските води - ја претстави колекцијата „Ciao, Kim“ во соработка со Dolce&Gabbana за време на Модната недела во Милано. Соработката на италијанското дуо со Ким предизвика големо внимание, но и новиот имиџ на познатата ријалити ѕвезда.

Имено, Ким со години не изгледала поелегантна од сега, а по се изгледа го усвоила стилот на старите италијански диви, иако во малку модернизирана форма.
Откако на самата ревија ѝ се поклони на публиката во едноставен, црн фустан со светки кои ги истакнаа сите облини на нејзиното тело, оваа 40-годишна девојка на сличен начин ја избра и тоалетата за афтер-журката на брендот D&G.

Најпознатата Кардашијан блесна во супер заводлив сребрен фустан кој ја следи линијата на телото и е украсен со врвки на страните, но и во пределот на деколтето, а со овој избор Ким потврди дека е следбеничка на таа позната флоскула дека треба да трпиш за убавина.

Фустанот беше толку тесен што Ким не само што едвај дише во него, туку буквално не можеше да оди нормално. За да се движи во оваа креација, познатата русокоса морала да користи многу мали, внимателно одмерени чекори, а во еден момент, на видеото се гледа дека наидува на навидум непремостлива пречка – скалите!

Самата Ким сподели прилично смешно видео на Инстаграм што покажува колку далеку е подготвена да оди во градењето на имиџот модна икона. Имено, на видеото можете да видите како таа е принудена буквално да скока од едно на друго скалило, бидејќи нема шанси да се искачи на вообичаениот начин поради претесниот фустан.

Исто така, Ким не можела ни да влезе во автомобилот во овој фустан, па ѝ била потребна помош од другите, а кога успеала да се качи на задното седиште - морала да лежи, а не да седи. Сè за убавина!

View this post on Instagram

A post shared by Loving Haute Couture (@lovinghautecouture)


Видеото само вчера беше прегледано речиси 7 милиони пати, а предизвика бројни реакции. „Ау, мислам дека ова е слатко“, „Ајде да зборуваме за тоа како таа очигледно не отишла ни во тоалет“, „Таа е толку патетична и бара внимание што е смешно“. „Таа е сè спротивно на достоинството“, „Уморни сме од нејзиниот циркус“, „Таа е едноставно смешна“, „Класичен циркузант“, се само дел од коментарите.

извор:zena.blic