Овде нема пилот во авионот, Индија е подобра од нас: Водителката Ивана Наскова изреволтирана

Новинарката и писателка Ивана Наскова на својот профил на Фејсбук објави видео во кое е изреволтирана по повод новите мерки за карантин.

- Ова е врвот на лудилото, сега повторно сме заклучени три дена заради тоа што очигледно овде нема пилот во авионот и не се знае кај се тера. Толку неодговорно, толку да не може да се исконтролира ситуацијата. Мислам дека вакво нешто нема ни во Индија, Бангладеш е подобар од нас- се дел од зборовите на Наскова.