Овде живее најголемата ѕвезда на овие простори!

Што уште да се каже за неа? Освои се‘ што можеше да освои од награди, успеа да биде препознатлива за претходните, сегашите и идните генерации на овие простори. Нејзините песни се хитови, евергрини, остануваат за секогаш... Цела Југославија ѝ се поклони, а таа беше со статус на икона. И денес е, но времињата се изменија...

За Лепа Брена што и да се каже ќе биде малку. Таа е најголема Балканска ѕвезда со години... и трае и трае... Имаше најуспешна кариера од сите пејачи. Во времето на поранешната држава важеше за национален симбол, ненандминлива... Долгонога убавица која направи милиони со својата работа, посветеност, концерти, полнење стадиони, појавување во светските медиуми... 40 милиони продадени плочи...

Сега работи со истиот жар, но многу повеќе е посветена на семејниот живот. Долги години е во брак со еден од најдобрите југословенски тенисери Бобан Живоиновиќ и имаат двајца синови. 

Нејзиното богатство се проценува на околу 50 милиони долари. Нема што нема и не го крие тоа.

Галеријата од внатрешноста на нејзиниот дом погледнете ја овде.