Овие растенија внесуваат здравје во домот: Секој дом мора да ги има

Неодамнешните истражувања покажаа дека луѓето кои во домот имаат зелени растенија живеат подолго од оние што немаат. Нивното општо здравје е подобро и нивниот имунолошки систем посилен.

Научниците велат дека колку повеќе растенија ќе внесете во станот или куќата, вашето здравје ќе биде подобро. Секаков вид е дозволен, имате слобода да изберете што сакате најмногу, единствено што е важно е да биде во зелена боја.

Стотици жени учествуваа во оваа студија која траеше повеќе од 8 години.

Еве зошто е добро да ги одгледувате овие растенија во вашиот стан:

- Правењето фотосинтеза ослободува кислород и со тоа ни овозможува да дишеме. Всушност, иако користат кислород, тој процент е занемарлив за нашето дишење, а во однос на тоа колку тие произведуваат во текот на денот, можеме да кажеме дека е сосема безбедно да се има растение дури и во спалната соба.

- Нивната зелена боја има позитивен ефект врз психата.

- Покрај производството на атомот што значи живот, растенијата го прочистуваат воздухот, апсорбираат штетни гасови, го балансираат нивото на влажност и ја регулираат температурата на просторот, т.е. во лето- ладат, во зима-топлат.

- Тие влијаат на подобро здравје и поубава кожа. Благодарение на нивното присуство, процесот на стареење значително забавува

- Присуството на растенија го подобрува чувството на леснотија што директно влијае на концентрацијата.

- Се покажало дека го намалуваат развојот на болести поврзани со белите дробови за околу три пати.

- Исто така, потврдено е дека овие растенија имаат моќ да го забрзаат процесот на заздравување по сериозно заболување.