Овие зборови на патријархот Павле ќе променат многумина: Лебот треба да се почитува

За време на неговиот живот, српскиот патријарх Павле уживаше голема почит кај народот заради неговиот начин на живот. Тој едноставно го живеел Евангелието. Неговите зборови сè уште го претставуваат гласот на разумот и утехата за многу верници.

Во време кога сè е лесно достапно за нас, кога може да најдете буквално сè што ќе ви падне на ум во продавниците, многумина ја заборавија важноста на најважната работа, а тоа е лебот.

Во своите списи, патријархот Павле нè потсетува на тоа - важноста на основната храна што ја одгледуваа многу наши предци.

„Еве, како лесно се фрла парче леб. А, пред една година, некој ораше поле, сееше, стравуваше дека младите растенија ќе замрзнат од мраз и чекаше да падне снегот, кој ќе ја покрие и заштити пченицата. Во пролетта, зрното растеше под благите сончеви зраци. Па, летото, кога созрева, еден човек се плашеше дали ќе падне градот или ќе дојде бура и ќе ги уништи сите напори. Потоа го собра житото во најголема топлина и го однесе на мелницата. Некој го меси тоа брашно со вода, и испече леб од тестото. За да ни дојде лебот на трпезата, потребна е цела година работа на многу раце и Божји благослов. Лебот треба да се почитува“, пишува почитуваниот српски патријарх Павле, надевајќи се дека овие зборови ќе допрат до луѓето во овие времиња кога сè е на располагање, па затоа ги забораваме основните работи.


Извор и Фото: srbijadanas.rs

Можеби ќе ве интересира:

Секое добро и секое зло доаѓаат од мислите: Мудри цитати од српски духовници