ОВОЈ ЦВЕТ ТРЕБА ДА СЕ ИМА ВО СТАНОТ - ги брка лошите луѓе и депресијата, а ги чува добрите односи во семејството

Ова многу декоративно и типично тропско растение потекнува од топлите предели на Централна Америка.

Антуриумот е едно од најпопуларните тропски цвеќиња и може да трае долго време во вазна - околу шест недели, па дури и повеќе, во зависност од сезоната и сортата.

Домородните Хавајци верувале дека антуриумот е магично растение кое штити од зли духови. Додека според древната кинеска филозофија припаѓа на важни фенг шуи цвеќиња. Имено, ова учење посочува дека антуриумот ги отстранува негативните мисли и ги насочува кон вистинскиот тек.

Односно, позитивно влијае на психата и го враќа доброто расположение.

Поради способноста да собира негативна енергија, антуриумот развива љубов и ги зачувува добрите односи во семејството, а особено се препорачува за парови чиј брак паднал во монотонија, бидејќи може да им помогне да ги освежат чувствата и да ја направат врската повторно возбудлива.

Привлекува богатство, но има услов. За да функционира, во домот мора да живеат добри, чесни и пристојни луѓе, во спротивно не само што нема да донесе пари, туку и самата билка ќе пресуши и ќе пропадне.

Атрактивните восочни цветови во форма на срце во светло-црвена боја внесуваат допир на егзотика во секој простор, па не е изненадување што ова зимзелено растение е омилен декоративен детал за многумина. Антуриумот припаѓа на повеќегодишни цветни растенија, така што може да цвета со месеци.

Цветовите се состојат од месести цевчести соцвети, спирален облик на бела, зелена, жолта или розова боја и големи месести бректи. Брактите се обоени лисја кои можат да бидат огнено црвени, розови, портокалови, зелени или бели, кружни или во облик на срце. Повеќе на Фактор.мк


Фото: unsplash