Овој хороскопски знак го очекува незаборавно лето

Средината на јули е поволен период за свршувачки, бракови и почеток на врски со светла иднина. Јарците може да очекуваат жешко и незаборавно лето. 

На крајот од јули до почетокот на септември сексапилниот Марс ќе патува низ вашиот знак. Ќе зрачите со „фатална“ привлечност. Кој може да ви одолее? Љубовни авантури ќе ви го разубавуват животот.

Внимавајте, во вашиот живот може да се врати поранешниот партнер или да ви се обноват чувствата кон стара љубов. Тогаш Венера ќе се движи ретроградно, враќајќи лица од минатото, отворајќи стари рани или обновувајќи поранешни врски.