Оземпик не е лек за слабеење, постои друг за обезни пациенти кои немаат дијабетес: Вели ендокринологот Битоска

Добивај вести на Viber

Лекот Оземпик кој е наменет за третман на пациентите си дијабетес Тип 2, а се повеќе го бараат луѓе кои сакаат да ослабат, ја крена Србија на нозе, пред се заради тоа што таму веќе има недостиг од овој лек. Дали има ваков тренд и кај нас, одоговори во разговор за Фактор даде д-р Искра Битоска, специјалист ендокринолог од Клиниката за ендокринологија.

-Не е случај само во Србија луѓето кои имаат прекумерна тежина да побараат да го користат лекот Оземпик. Многу често и кај нас доаѓаат во ординација и го бараат токму овој лек, но тој во ниту еден случај не смеат да го користат оние кои се обезни, а немаат дијабетес. Оземпик чие генеричко име е семаглутид е исклучиво наменет за лицата со дијабетес Тип 2 и тоа не за сите, туку за оние кои имаат кардиоваскуларни болести. За намалување на прекумерната телесна тежина постои друг регистриран лек кој се вика Саксенда и кој е исклучително скап. Но, и за негова употреба треба да се направат целосни иследувања кај обезните пациенти, што значи дека не може да го употребува секој што сака. Употребата е строго контролирана. Она што би сакала да го истакнам е дека кај нас Оземпик не може да се купи туку така во аптека, односно го нема во аптеките, се дава под строга контрола на пациентите за кои веќе зборував, оние со дијабетес Тип 2 кои имаат кардиоваскуларни болести, појаснува д-р Битоска.

За проблемот со употребата на Оземпик од страна на пациенти кои немаат дијабетес, а само сакаат да ослабат алармираа пред извесно време и Научното здружение на ендокринолозите и дијабетолозите на Македонија, како и Националчната Комисија за дијабетес.

Д-р Битоска, која е член на стручното здружение вели дека апелот се однесува на тоа лекот да не се користи без консултација со лекар. Повеќе на Фактор.мк