Пациент со тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот: Во негови гради почна да чука срцето на 44 годишна жена

Доцна синоќа медицински тимови од неколку скопски клиники ја направија трансплантација на срце. 

Срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично реши да ги донира органите, од утрово почна да чука во градите на пациент кој со години боледува од тешка кардиоваскуларна болест.

Пациентот доби шанса за нов живот а во следните неколку дена неговата ситуација ќе биде критична во однос на тоа како телото ќе го прифати новиот орган.

Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи напиша дека повеќе детали за трансплантацијата ќе се соопштат денес.

Од донорот, пациентка која претрпела мозочна смрт направена е и експлантацијата на бубрези кај двајца други пациенти.

Велиме браво за семејството за несебичниот гест бидејќи со хуманоста спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти .