Пакет за жени на Халкбанк - поттик за финансиска независност и успешен бизнис почеток

Добивај вести на Viber

Во динамичниот свет на претприемништвото, создавањето успешна бизнис приказна бара комбинација од стратешко планирање, посветеност и приспособливост. И покрај тоа што претприемачите прават исклучителни чекори во деловниот свет, рушејќи ги бариерите и преобликувајќи ги индустриите, тие сè уште се соочуваат со многу пречки, особено жените претпириемачи.Речиси секоја трета жена претприемач смета дека на жените во бизнисот им е потешко од мажите, поради истовремената грижа за семејството и работата, како и недовербата и потценување на нивната стручност, знаење, способност и искуство.

Токму поради овие причини, неопходно е да се посвети посебно внимание на поддршка на иновативните идеи на жените кои сакаат да успеат како претприемачи.Со искористување на своите силни страни, надминување на предизвиците и прифаќање на можностите, жените можат да го отклучат својот целосен потенцијал како лидери и да создадат просперитетни компании.

Со цел на жените претприемачи да им даде поддршка, да ги охрабри и да ги поттикне да ги реализираат идеите и да започнат свој бизнис, Халкбанк го воведе  Пакетот за жени претприемачи. Овој пакет е дел од интегрираната платформа на Халкбанк за поддршка на жените претприемачи во земјата и поттикнување на женското претприемништво.

Пакетот за жени е наменет за микро, мали и средни претпријатијакаде доминантни основачи и сопственици (над 51% сопственост) се жена/жени и/или еден од управителите е жена. Тој нуди низа погодности како можност за добивање финансиски средства за основни и обртни средства во висина до 500.000 евра со рок на отплата до 120 месеци, со фиксна годишна каматна стапка за кредитите до 12 месеци и варијабилна годишна каматна стапка за кредити над 12 месеци. Истовремено, како подарок се добива и годишна полиса за патничко осигурување со покриеност до 30 дена издадена од Халк осигурување.

Токму во духот на овие заложби, Халкбанк беше дел од две престижни коференции посветени на унапредување на родовата еднаквост.

Г-динот Беркан Имери, извршен директор и член на Управниот одбор на Халкбанк АД Скопје учествуваше на Конференцијата „Унапредување на родовата еднаквост во глобалното лидерство“, во организација на регионалната непрофитна организација Women on Boards Adria (WOBA). Тој посебно се осврна на стратегиите што ги воведеХалкбанк за да ја зголеми застапеноста на жените во различните лидерски улоги и еднаков третман на вработените на сите работни позиции, со давање осврт кон поддршката на жените во надворешниот свет преку пакетот финансиски производи за финансиска независност на жените

Халкбанк АД Скопје беше дел и од Конференцијата EqualXChange: Empowering Ideas, Inspiring Journeysво организација на Gender Equality Alliance, каде Маја Наумовска Савеска, директорка на корпоративни и маркетинг комуникации, во рамки на еден од панелите, зборуваше за иновативната кампања на Халкбанк за жени претприемачи наречена „Фустани со џебови“, фокусирајќи се на родовата еднаквост и вклученоста на жените во бизнисот, што веќе резултираше со тренд на зголемена свест и активирање на жените во сите сфери на бизнис секторот.

ПР објава