Панчо ДНК се прости од Драган Вучиќ: Го загубивме најхаризматичниот лик во земјава

Вестта за смртта на Драган Вучиќ ја потресе јавностаПознатите преку статуси на социјалните мрежи се простуваат со него. И министерот Филипче преку соопштение информираше за ненадејната смрт на познатиот пејач и водител Вучиќ. Панчо ДНК, исто така преку статус се прости од како што вели тој еден од најхаризматичните личности во земјава. 

„Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и побрзо закрепнување. Ми врати едноставно во негов стил : ТИ СИ МИ ЕДНО ГОЛЕМО СРЦЕ ..... Епа денeс тоа срце е многу тажно.
Загубивме еден ГОЛЕМ ЧОВЕК пред се татко, дедо, музичар, шоумен, професионалец и дефинитивно еден од најхаризматичните ликови во нашата земја и на естрадата .
Ми беше чест што те познавав. Длабоко сочувство до фамилијата и блиските. До следно наше гледање пријателе .....
Легендите живеат вечно.
.
ПС - Оваа слика е направена пред точно една година ( 10ти мај ) кога гостував во неговото шоу и еве што сум напишал : Денес имав особена чест и задоволство да бидам гостин во емисијата на Драган “Возење со Вучиќ”
Жива легенда која трае повеќе од 25-ет години на македонскиот етер, и дефинитивно еден од најпрофесионалните и најхаризматично ликови со кој сум имал можност да соработувам во мојата досегашна кариера.
Секоја чест мајсторе.... Да си жив, здрав и ти посакувам уште многу успешни проекти Симнувам капа господине “, напиша Панчо на Инстаграм

View this post on Instagram

Откако дознав за неговата состојба и дека е хоспитализиран минатиот вторник, без размислување му пишав СМС за поддршка и побрзо закрепнување. Ми врати едноставно во негов стил : ТИ СИ МИ ЕДНО ГОЛЕМО СРЦЕ ..... Епа денс тоа срце е многу тажно  Загубивме еден ГОЛЕМ ЧОВЕК пред се татко, дедо, музичар, шоумен, професионалец и дефинитивно еден од најхаризматичните ликови во нашата земја и на естрадата . Ми беше чест што те познавав. Длабоко сочувство до фамилијата и блиските. До следно наше гледање пријателе ..... Легендите живеат вечно . . . ПС - Оваа слика е направена пред точно една година ( 10ти мај ) кога гостував во неговото шоу и еве што сум напишал : Денес имав особена чест и задоволство да бидам гостин во емисијата на Драган “Возење со Вучиќ” Жива легенда која трае повеќе од 25ет години на македонскиот етер, и дефинитивно еден од најпрофесионалните и најхаризматично ликови со кој сум имал можност да соработувам во мојата досегашна кариера. Секоја чест мајсторе.... Да си жив, здрав и ти посакувам уште многу успешни проекти Симнувам капа господине

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial) on