Пар од Велика Британија ја прими Софија од Украина во нивниот дом да ѝ помогнат: Ги разведе во рок од 10 дена!

Тони и Лорна сакале да ѝ помогнат на Софија, но таа имала други планови

Светот остана вчудовиден од приказната за Тони и Лорна, двојка од Велика Британија која ја прими бегалката од Украина, Софија Каркадим, која им го растури бракот за само неколку дена. Лорна сега остана сама поради убавата Украинка, а на јавноста реши да ѝ ја претстави својата страна од приказната.

Лорна вели дека е скршена, бидејќи нејзиниот партнер по десет години брак решил да ја остави поради Софија, само десет дена откако таа се преселила во нивниот семеен дом.

Напуштената жена сега мисли дека Софија од почеток го демнела нејзиниот сопруг и на крајот го освоила. 

„Не ѝ беше грижа што ќе уништи. Целиот свет ми се преврте наопаку за само две недели“, рекла Лорна, пренесува Daily Mail.

Таа вели дека не жали што решила да направи благородна работа и да му помогне на некого кој имал потреба од помош.

„Ѝ дадов покрив над главата, а таа вака ми врати“, рече Лорна.

Таа додава дека на Софија гледала исто како и на нејзиното трето дете. 

Но, како што одминувале деновите, Софија се повеќе се зближувала со Тони. Прво почнале да тренираат заедно, па да се возат наоколу и на крајот да се почувствува нивната блискост дома - сето тоа за само десет дена.

Поради тоа Лорна станала видно љубоморна, па ја прашала Софија зошто го следи нејзиниот сопругот.

Работите нагло се вжештиле, а ситуацијата кулминирала со жестока кавга меѓу Софија и Лорна. Тогаш сопругата на Тони ѝ рекла на Софија веднаш да ја напушти куќата.

„Тони тогаш рече дека ако таа замине, ќе си оди и тој. Тие ги спакуваа куферите и отидоа кај мајка му", вели Лорна. 

Тони и Софија: Ја живееме нашата љубовна приказна

На другата страна. Тони, чувар кој живее во Бредфорд, Западен Јоркшир, вели дека се заљубил во Софија и сака да го помине остатокот од својот живот со неа.

Софија, која побегна од Лавов во западна Украина, рекла дека Тони ѝ се допаднал штом го видела и дека тие двајца сега ја живеат својата љубовна приказна, пренесува Дејли Мејл.

Тони откри дека со Софија има врска каква што немал досега, додавајќи дека знае дека постапил правилно.

Тој за домашните медиуми изјави и дека сака да ја направи вистинската работа и дека Софија е првата која стапила во контакт со него на Фејсбук, па тој ѝ понудил сместување.

Инаку, Софија работи како ИТ менаџер. Таа отпатувала за Манчестер на 4 мај, откако со недели чекала во Берлин за да добие виза за Велика Британија. Тони изјави дека тој и Софија брзо развиле врска и дека им се допаѓа и на неговите ќерки.

Тони зборува словачки, па го искористил за да се договори со Софија, но тоа не и се допаднало на неговата сопруга и се чувствувала изоставено.

„Одлично се сложувавме, но во тоа време немаше ништо повеќе, иако гледам дека Лорна почна да се чувствува љубоморна и лута на неа“, изјави Тони.

А потоа, како што вели, страстите целосно се разгореле.

„Дома сфатив дека наоѓаме изговори за допирање, тоа беше како флертување, но ништо повеќе од тоа не се случи во таа фаза“, изјави Тони.

Тврдат стапиле во контакт дури кога се вселиле во куќата на неговата мајка, од која планираат да се преселат во заедничкиот дом што почнале да го бараат.


Фото: Профимедиа