Парламентот изгласа: Бесплатни средства за хигиена за сите жени во Шкотска

Шкотскиот парламент го усвои планот да ги направи производите за хигиена бесплатни за сите жени во земјата.  Ова мерка ќе ја чини државата 24,1 милиони фунти годишно.

Според новиот закон, тампони и санитарни влошки ќе бидат достапни на јавни места, како што се центри на заедницата, младински центри и аптеки.

Предлог-законот беше усвоен во прво читање со 112 гласа „за“, ниту еден против и еден воздржан.

Предлогот сега оди во второ читање каде пратениците можат да предложат амандмани.

Пратеничката Моника Ленон рече дека усвојувањето на законот ќе биде „пресврт за нормализирање на менструацијата во Шкотска и ќе им испрати порака на луѓето колку е сериозен парламентот за родовата еднаквост“.

Во 2018 година, Шкотска стана првата земја во светот што донесе бесплатни санитарни крпи и тампони на училиштата и универзитетите.

Овие производи се оданочуваат во Велика Британија со стапка од пет проценти. Владата на поранешниот премиер Дејвид Камерон сакаше да го укине, но не го стори тоа со образложение дека нејзините раце ги вршат европските правила.